Италија и Шпанија заедно имаат повеќе од половина од жртвите на коронавирус во светот

111
Само во Италија и Шпанија досега починале 17.385 лица, што е повеќе од половина од вкупната бројка на починати од коронавирус во светот, којашто до моментов изнесува 32.137 лица.
 

Во Италија досега починале 10.779 луѓе, а во Шпанија бројот на смртни случаи е 6.606, според последните податоци.

Само денеска, во Италија починаа 756 лица, а во Шпанија 624.

Во моментов, најголем број на заболени од коронавирус има во САД, каде се регистрирани 131.404 позитивни случаи, од кои нови случаи се 7.825.