Италија деблокира 400 милијарди евра за спас на економијата

898

Италија деблокира 400 милијарди евра со цел да им помогне на деловните субјекти да се справат со последиците од пандемијата, одлучи синоќа италијанската влада.

– 200 милијарди ќе бидат наменети за внатрешниот пазар и 200 милијарди ќе за поддршка на извозот – истакна премиерот Џузепе Конте.

Парите ќе се користат за јавни гаранции за заеми, а во комбинација со стимулативниот пакет, тие ќе им овозможат на банките да продолжат со заеми во вредност од над 750 милијарди евра, со цел да спречат колапс на третата најголема економија во еврозоната.