Италијанскиот министерот за спорт предупреди: Ништо нема да биде како порано

131

Министерот за спорт на Италија, објави дека владата е подготвена да даде 400 милиони евра за помош на спортот, но ги предупреди клубовите во Серија А дека по кризата со корона вирусот „ништо нема да биде како порано“.

Тој исто така предупредува дека е можно ново одложување на враќањето на спортот во Италија бидејќи е нереално да се очекува да се врати спортот на трети мај.

– Сосема е нереално да се очекува дека на трети мај ќе се врати спортот. Утре ќе предложам сопирање на сите спортски натпреварувања до крајот на мај, а ќе ја проширам мерката и за тренинзите, каде што досега не реагиравме бидејќи постоеше опција да се оддржат Олимписките игри – вели Спадафора во интервју за „Ла република“.

Власта ќе го помогне спортот со 400 милиони евра, но тоа ќе биде насочено кон аматерските клубови, додека ги предупреди професионалните фудбалски клубови дека мора да се подготват за големи промени во функционирањето.

– Спортот не е само фудбалот, а фудбалот не е само Серија А. Ќе доделиме итни 400 милиони евра за помош на аматерскиот спорт, кој ќе треба да биде двигател на препородот. За Серија А, од друга страна, очекувам секоја помош да биде надополнета со промени. Големите клубови живеат во меур, живеат над своите можности. Само видете ги милионските плати на фудбалерите. Мораат да сфатат дека по оваа криза, нема враќање на старото – додава Спадафора.