Испитувањето на кинеската вакцина во Саудиска Арабија влегува во трета фаза

56

Саудиска Арабија наскоро ќе ја започне третата фаза од клиничките испитувања на потенцијална кинеска вакцина против Ковид-19, во која ќе учествуваат околу 5.000 доброволци, соопшти саудиското Министерство за здравство.

Минатиот месец компанијата „Чаншино биолоџикс“ објави дека е во преговори со Русија, Бразил, Чиле и Саудиска Арабија за третата фаза на тестирање на можна вакцина, пренесува „Ројтерс“.

Истражувачите претходно рекоа дека оваа вакцина, развиена во соработка со кинескиот воен истражувачки тим, е безбедна и создава имунолошки одговор кај повеќето испитаници.