Земјите од Г-20 ќе вложат 5.000 милијарди долари за спас на светската економија

66

Земјите од Г-20 решија за спас на глобалната економија од пандемијата на коронавирусот да инвестираат 5.000 милијарди долари. Веста беше објавена по одржаната видео-конференција.

– Невидената пандемија на коронавирусот е моќен потсетник за нашата меѓусебна поврзаност и ранливост. Овој вирус не почитува граници. Борбата против пандемијата бара транспарентен, силен и добро координиран одговор, базиран на наука и со дух на солидарност. Ние сме многу посветени да покажеме обединување против оваа заедничка закана – се вели во официјалото соопштение на Г20.

Земји во групата Г-20 се Аргентина, Бразил, Кина, Германија, Индонезија, Јапонија, Австралија, Канада, Франција, Италија, Индија, Мексико, Јужна Кореја, Русија, Турција, САД, Јужна Африка, Саудиска Арабија, Велика Британија и Европската Унија.