„Епл“ привремено ги затвора продавниците ширум светот поради коронавирусот

61

„Епл“ ќе ги затвори своите продажни места надвор од Кина на две недели и ќе продава само преку Интернет за да спречи ширење на коронавирусот.

– Треба да сториме сè што можеме за да спречиме ширење на „Ковид-19“. ‘Епл’ привремено ќе ги затвори сите продавници надвор од Кина до 27 март и ќе донира 15 милиони долари за да помогне во контролата на заразата низ целиот свет – објави извршниот директор на компанијата, Тим Кук, на „Твитер“.

Тој исто така рече дека продавниците на „Епл“ во Кина веќе се отворени и дека нивната борба против тамошната пандемија помогнала да се развијат најдобри практики што ќе се применуваат на глобално ниво. Тој додаде дека една од лекциите што „Епл“ ја научи во Кина е дека „најефикасниот начин за минимизирање на ризикот од пренесување на вирусот е да се зголеми растојанието меѓу луѓето“.

Затоа компанијата презема нови чекори за да ги заштити работниците и клиентите бидејќи стапката на инфекцијата се искачува на други места низ светот.

Интернет-продавниците на „Епл“ ќе останат отворени, а вработените ќе работат од дома и ќе плаќаат нормално.