ЕК резервираше 400 милиони дози на потенцијална вакцина од американска корпорација

158

Европската комисија (ЕК) објави дека резервирала до 400 милиони дози на потенцијална вакцина против коронавирус, којашто ја развива американската корпорација Џонсон и Џонсон.

На крајот од првата фаза на преговорите, што заврши вчера, во принцип е постигнат договор дека ЕУ, откако ќе се потврди безбедноста на вакцината и нејзиниот ефект врз коронавирусот, може да купи 200 милиони дози во име на сите членки на ЕУ, а подоцна да добие дополнителни 200 милиони дози.

Комисијата изјави дека ќе продолжи со „интензивни разговори“ со други производители на вакцина против коронавирус.

На 31 јули, ЕК објави дека резервирала 300 милиони дози на потенцијална вакцина против коронавирус која ја развила француската компанија Санофи.