Еден случај на ковид-19 го стави кралството на Хималаите во карантин

153

Бутанските власти за првпат прогласија општ карантин, откако еден граѓанин кој е позитивен на коронавирус бил во близок контакт со луѓе во главниот град.

Одлуката, со која ќе се ограничи движењето на граѓаните на земјата со 750.000 жители, е донесена откако 27-годишна бутанска државјанка по враќањето од Кувајт била тестирана за коронавирус и како негативна била пуштена од изолација. Но, при повторните тестови таа била позитивна ан ковид-19, пренесува „Ројтерс“.

Оваа неочекувана целосен карантин е воведен со цел полесно да се откријат контактите на заразената жена и да се запре ширењето на вирусот, соопштија надлежните.

Бутан, иако е земја којашто зависи од туризмот, ги затвори своите граници во март откако американски турист беше тестиран позитивно за ковид-19 и нареди тринеделен карантин за сите оние коишто се враќаат од странство.

Вкупно 113 луѓе биле заразени во тоа мало кралство на Хималаите.