Десетдневна жалост поради жртвите на коронавирусот во Шпанија

28

Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека во јули ќе се отворат границите за странските туристи и најави дека ќе се прогласи десетдневна жалост на национално ниво за десетици илјади луѓе што починале од коронавирус.

Туристичката гранка во Шпанија претрпе голем удар и огромни загуби поради прогласувањето вонредна состојба и затворањето на границите, кога практично сите хотели беа затворени.

Шпанија ја посетуваат годишно над 80 милиони странски туристи, а туризмот учествува со околу 12 проценти од бруто домашниот производ и вработува 2,6 милиони луѓе.

До денеска 28.678 лица починале од коронавирус во Шпанија, а повеќе починати има само во САД, Велика Британија и Италија.Денеска се регистрирани само 466 нови случаи на ковид-19 и 50 смртни случаи, што е најниска бројка од средината на март.