Ден на жалост во Кина за жртвите од коронавирусот

77

Триминутно молчење за повеќе од 3,300 луѓе кои починаа од коронавирус во Кина. Точно во 10 часот по локално време, Кина им оддаде почит на сите луѓе кои ја загубија битката со смртоносниот вирус.

Денот на жалост се совпаѓа со почетокот на годишниот празник Кингминг, познат и како Ден на предците, кога милиони Кинези им оддаваат почит на починатите членови на нивните семејства. Автомобилите, возовите и чамците вклучија сирени.

Во седиштето на владата, претседателот Си Џинпинг и другите кинески лидери им оддадоа почит на починатите пред националното знаме. Тие носеа пупки бели цвеќиња, што симболизира жалост во Кина.

Според статистичките податоци на Државната здравствена комисија, повеќе од 3.300 луѓе починале досега во континентална Кина од епидемијата на коронавирус. Епидемијата избувна кон крајот на минатата година во централната провинција Хубеи.