Градоначалникот на Лондон бара да се забрани одењето на гости

103

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, побара од британскиот премиер, Борис Џонсон, да забрани мешање луѓе од разни домаќинства.

Тој повика на тоа како дел од рестриктивните мерки за главниот град на Британија за да се запре ширењето на ковид-19.

– Една од работите што му ги кажав на премиерот е дека мислам оти треба да следиме што се случува во земјата и да престанеме со социјалното мешање на домаќинствата – рече Кан во интервју за британски „Гардијан“.