Говорот на кралицата го следеа повеќе од 23,5 милиони луѓе

92

Говорот на британската кралица Елизабета Втора пред народот во врска со пандемијата на коронавирус го следеа повеќе од 23,5 милиони луѓе во неделата.

Многу Британци сметаат дека тоа е многу емотивен говор, кој кралицата го заврши со зборовите:

– Ќе се сретнеме повторно наскоро – пишува „Дејли мејл“.

Пораката на кралицата беше емитувана од сите британски телевизии, а можеше да се гледа и на социјалните мрежи на кралското семејство, при што новинарите што го следат кралското семејство истакнувајќи дека ова е еден од најславните моменти на кралицата во нејзиното 68-годишно владеење.
За кралицата, се вели дека им покажала на жителите на Велика Британија и земјите од Комонвелтот дека е сосема покрај нив, а некои дури и да го споредуваат нејзиниот гест со оној од Втората светска војна кога решила да остане во Лондон наместо да избега на безбедно место.

Кралицата ретко и се обраќа на нацијата и луѓето од Велика Британија се задоволни од нејзината извонредна порака. Тие истакнуваат дека таа ги охрабрила, и сите се надеваат дека пандемијата на коронавирус ќе заврши наскоро.