Германска студија: концертните сали и театрите не се места за зараза

58

Не постои голем ризик од инфекција во затворени простории за концерти што имаат добра вентилација, како и на отворени простори, покажала студија спроведена во Германија, пренесува „Ај кју маг“ (IQ Mag), едно од водечките професионални списанија во музичката индустрија, соопштија од фестивалот „Егзит“ (EXIT).

Научната студија спроведена во ноември траела три дена во Концертхаус во Дортмунд, кој има 1.500 места и е продолжение на августовското истражување на „Рестарт-19“, Универзитетска болница во Хале, чии резултати покажаа дека со соодветна вентилација има низок до многу низок ризик од пренесување на инфекцијата од личност до личност.

– Концертните сали и театри не се места на инфекција – вели д-р Рафаел фон Хоенсбрех, директор на концертната сала во Дортмунд.