Германија ја шири „црната“ листа

404

Германија стави региони од 11 европски земји на списокот со ризични области поради бројот на луѓе кои страдаат од коронавирус и ги предупреди своите граѓани да не патуваат таму.

На таа листа се и округот Лика-Сењ во Хрватска и регионот Нотрањско-крашки во Словенија, пренесува хрватскиот портал „Индекс“. Нови на списокот што е објавен денеска се Чешка и некои други региони на Франција и Португалија, пренесува „Ројтерс“.

Според Министерството за надворешни работи, германските граѓани се предупредуваат да не патуваат во Чешка, освен во регионите на Устецки и Моравија-Шлезија, во француските региони на долината на Лоара, Бретања и Нормандија и пошироката област на португалскиот главен град Лисабон.

Германија предупредува на опасноста од патување во области каде што бројот на заразени неделно надминува 50 на 100.000 жители.

Големи делови на Франција, вклучително и Париз, се ставени на списокот на области во коишто се предупредува да не се патува.