Германија во сојуз со три земји ќе се бори за вакцини против коронавирусот

122

Германија и уште три земји членки на ЕУ градат нова алијанса која има за цел да обезбеди пристап до вакцини против коронавирусот, откако тие ќе бидат достапни.

Целта е да се осигура дека тие се фер дистрибуирани низ целиот свет, објави деловниот весник „Ханделсблат“.

Весникот го цитира германскиот министер за здравство, Јенс Шпан и неговите колеги од Франција, Италија и Холандија, кои во писмо до Европската комисија велат дека пристапот до вакцините е едно од најитните прашања со кои треба да се бави Европската унија, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Затоа, оваа група на земји се ангажира да го постигне најбрз и најдобар можен исход во преговорите со клучните актери во фармацевтската индустрија.

Четирите земји, кои делуваат на иницијатива на Берлин, сакаат да ја спречат ЕУ да изгуби во трката за вакцината од САД и Кина, објави весникот.

Напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да бидат првите што ќе добијат пристап до изумителите на вакцини во замена за милијарди долари инвестирани во фармацевтските компании, се гледаат со сомнеж во Европа, додаде Ханделсблат.

Соединетите држави обезбедија скоро третина од првите милијарди дози експериментални вакцини за коваид 19 Астра Зенеке, ветувајќи и до 1,2 милијарди долари.

Ханделсблат цитираше владини извори кои велат дека Германија, Франција, Италија и Холандија разговарале со неколку фармацевтски компании, вклучително и Астра Зенека, за државните фондови за истражување и гаранциите за купување.

Четирите земји, кои делуваат на иницијатива на Берлин, сакаат да спречат можност ЕУ да ја згуби трката за вакцината со САД и Кина, објави весникот.

Напорите на американскиот претседател Доналд Трамп, САД да бидат првите што ќе добијат пристап и контакт со пронаоѓачите на вакцина во замена за милијарди долари вложени во фармацевтските компании, се следат со сомнеж во Европа, додава „Ханделсблат“.

Соединетите држави обезбедија скоро третина од првите милијарда дози на експериментална вакцина за ковид-19 од Астра Зенека, ветувајќи и до 1,2 милијарди долари.