Втор ден по ред се намалува бројот на починати во Шпанија

104

Во Шпанија во изминатите 24 часа од коронавирус починале 809 лица, со што вкупниот број на жртви порасна на 11.744, соопшти министерството за здравство.

Во соопштението се наведува ова е втор по ред ден во кој се забележува пад на бројот на починати, пренесува Ројтерс.

Бројот на потврдени случаи на коронавирус во оваа земја достигна 124.736.