Во Њујорк нема место во мртовечниците, владата нарача вреќи за починатите

116

Крематориумите во градот Њујорк работат продолжено, а државата Њујорк не постигнува да ги згрижи сите починати, пренесуваат американските медиуми.

Градот Њујорк ги погребува починатите на привремени локации низ земјата. Епидемијата на коронавирус сè уште не го достигнала врвот во Њујорк, но погребалните служби во градот и државата Њујорк веќе имаат полни раце работа.

Досега од последици на Ковид-19, само во градот Њујорк починале околу 1.400 луѓе. Поголем број њујорчани избрале кремирање наместо погреб, но најнаселениот американски град има само четири крематориуми, па погребните фирми предупредуваат дека подолго се чека на кремирање.

– Ладилниците за починатите се преполни, не можат да примат повеќе од 40 тела – вели Ендру Нимо, менаџер на една погребна фирма.

Оваа ситуација ги погодува и болниците, кои побавно се ослободуваат од починатите, бидејќи нивните семејства мораат подолго да чекаат на термин за кремирање или погреб.

Американската агенција за кризни ситуации нарачала од Министерството за одбрана 100.000 вреќи за починатите, објави Си-ен-ен.

Во САД се очекуваат меѓу 100 и 200 илјади мртви од коронавирус. Прогнозите се црни, особено по објавата на американскиот претседател Доналд Трамп на почетокот на кризата дека вирусот ќе исчезне самиот од себе и дека тоа ќе биде чудо.

Цела земја е во блокада, а моментално 96 отсто од населението живее под одредбата да остане дома и да не излегува надвор освен за итни ситуации. Само 11 држави не ја воведоа одредбата, а тоа се Алабама, Арканзас, Ајова, Мисури, Северна Дакота, Небраска, Јужна Каролина, Јужна Дакота, Тенеси, Јута и Вајоминг. Но, се очекува и тие наскоро да ги прифатат препораките на фереалните власти.