Во Шпанија првпат од март нема нови смртни случаи од коронавирус

42

Во Шпанија во последните 24 часа не се пријавени смртни случаи од коронавирус, првпат од март, соопштија здравствените власти на земјата.

Директорот на центарот за итни случаи во здравството, Фернандо Симон, на прес-конференција рече дека ваквиот развој на ситуацијата е „многу, многу охрабрувачки“, пренесува АП.

– Ние сме на многу добро место во развојот на пандемијата. Статистиката оди во вистинската насока – рече Симон.

Во Шпанија, првите два смртни случаи од коронавирус се регистрирани на 3 март. Врвот на пандемијата беше достигнат на 2 април, кога во еден ден починаа 950 луѓе.

Вкупниот број на починати од коронавирус во Шпанија е 27.127, додека скоро 287.000 се заразиле.