Во Шпанија, за 24 часа починати 838 луѓе од коронавирус

247

Во последните 24 часа во Шпанија од коронавирус починаа 838 луѓе, соопштија од Министерството за здравство на земјата.

Тоа е најголемото дневно зголемување на жртвите досега, со што вкупниот број на смртни случаи од вирусот достигна 6.528. Вкупниот број на инфицирани сега изнесува 78.797, што пред 24 часа оваа бројка изнесуваше 72.284.

 

Поради ситуацијата во земјата премиерот Педро Санчез воведе поригорозни мерки, кои од денес стапија на сила.

Шпанија ги сопре сите економски активности освен нужните. Ќе останат отворени здравствените служби, полицијата, пожарникарите, медиумите, продавниците со храна, аптеките, трафиките, банките и бензинските пумпи.

– Сите работници во активности кои не се клучни ќе мора во следните две недели да останат дома. За време на тој период нормално ќе примаат плата. Кога ќе заврши оваа вонредна состојба, ќе го надокнадат во договор со работодавачите. Ќе работат дневно половина час до час повеќе, за време на викенди… сѐ до 31 декември – изјави Санчез за медиумите.