Во Чешка граѓаните задолжително мора да носат маски на лицето на јавни места

219

Владата во Чешка им нареди на граѓаните да носат маски или на друг начин да ги покриваат устата и носот на јавни места.

Мерката стапува на сила од полноќ.

Премиерот Андреј Бабиш кажа дека е донесена одлука помеѓу 10 часот наутро и 12 часот напладне до продавниците за храна и аптеките да им се дозволи пристап само за граѓани постари од 65 години.

Во Чешката има 464 случаи на заразени со новиот коронавирус, а границите со соседните земји се затворени.