Во Франција коронавирусот се шири во старските домови

77

Бројот на заболени од коронавирус во светот надмина еден милион. Утрово бројот изнесува 1.099.711.

Ситуацијата е се полоша во Франција, каде бројот на починати од коронавирус порасна за 61 процент во последните два дена, по вклучувањето на податоците од старските домови и сега изнесува 6.507, а бројот на потврдени заболени случаи достигна 82.165, соопшти вчера министерството за здравство.

Најмногу заразени има во САД – 277.475, во Италија и Шпанија бројот се движи околу 120.000. Италија има најмногу починати – 14.681. Но, за разлика од САД, во Италија епидемијата покажува знаци на опаѓање.

Во Кина, земјата од каде се појави вирусот, забележани се дури 19 нови заразени.

Во Белгија во последните 24 часа починале 140 луѓе, а дополнително се заразиле 1.661 човек. Во Швајцарија пак изминатите 24 часа починале 13 луѓе, а се заразиле 96. Со тоа бројот на заразени во оваа земја се зголеми на 19.702, а починале вкупно 604.

Во Русија во псоледните 24 часа починале 9 лица, а се заразиле нови 582. Со тоа бројот на заболени се зголеми на 4.731, а починати се вкупно 43.