Во светот над 550.000 луѓе починаа од коронавирус, половина се од четири земји

114

Повеќе од 550.000 луѓе починаа од коронавирус во светот, објави агенцијата Франс Прес.

Половина од смртните случаи се регистрирани во четирите земји најпогодени од епидемијата, а тоа се – САД со 132.309 мртви, Бразил (67.964), Велика Британија (44.517) и Италија (34.914).

Во светот има 12.081.516 заразени лица, од кои 550.013 починале. Во Европа починале 201.112 лица, а заразени се 2.782.032.

Од вкупниот број заразени, излечени се 6.447.909 лица.

Франс Прес секојдневно објавува дневен биланс базиран на државни податоци од земји низ целиот свет и информации од Светската здравствена организација.