Во светот за 24 часа има повеќе од 338.000 новозаразени

81

Во светот за 24 часа има повеќе од 338.000 новозаразени со коронавирусот, објави Светската здравствена организација.

Бројот на починати во изминатото деноноќие се зголеми за повеќе од 7.500, надминувајќи 2,46 смртни случаи од почетокот на пандемијата. Повеќе од половина од заразените се во Северна и Јужна Америка (169.352), 102.325 во Европа и 27.040 во Југоисточна Азија.

Најмногу заразени има во САД, Индија, Бразил, Русија, Британија, Франција, Шпанија, Италија, Турција, Германија, Колумбија. Самоа, Маршалските острови, Соломоновите острови се едни од земјите каде имало помалку од 20 случаи.