Во Русија вакцинирани 1,5 милион луѓе

48

Рускиот претседател Владимир Путин ѝ нареди на Владата да ги прошири напорите за вакцинација.

Руските власти соопштија дека повеќе од 1,5 милион луѓе веќе ја примиле вакцината „спутник V“ и покрај тоа што напредните студии на вакцината на десетици илјади луѓе сѐ уште траат.

Говорејќи денес на состанок со високи владини претставници, Путин им порача да го прошират опсегот на вакцинација, што беше ограничено на одредени социјални групи и професии.

Русија беше критикувана во целиот свет затоа што ја одобри „спутник V“ во август откако вакцината беше тестирана на десетици луѓе и побрза да им ја понуди на ризични групи – како што се медицински и просветни работници.

Производителите на „спутник V“ тврдат дека вакцината е ефикасна 91 процент, а Путин денес ја нарече најдобрата во светот.