Во последните 24 часа во Италија од коронавирус починале 814 лица

70

Во последните 24 часа во Италија од коронавирус починале 814 лица, објави италијанското Министерство за надворешни работи.

Потврдени се 24.099 нови случаи на Ковид-19, што е повеќе од вчерашната бројка – 23.225 заразени.

Според официјалните податоци, во Италија биле тестирани уште 212.741 лица.

Во Италија од почетокот на епидемијата од коронавирус се заразиле 1.689 милиони луѓе, од кои 58.852 починале.