Во Мадрид првпат од почетокот на пандемијата нема смртни случаи од Ковид-19

92

Властите на Мадрид денеска соопштија дека не се пријавени смртни случаи во последните 24 часа како резултат на ковид-19, првпат од почетокот на пандемијата.

 – Одлична вест – вчера беше првиот ден кога во Мадрид не се пријавени нови смртни случаи – објави регионалната лидерка Изабел Дајаз Ајузо, додавајќи дека соработката ќе обезбеди кошмарот да не се повтори.

Со 72.000 пријавени случаи на коронавирус и 8.400 смртни случаи, Мадрид е најтешко погодениот дел од Шпанија. Втора е Каталонија каде 61.000 луѓе се заразиле, а 5.600 починале.

Според најновите податоци, во Шпанија се потврдени вкупно 248.000 случаи, а 28.300 починале.