Во Кина регистрирани нови увезени случаи на ковид-19

121

Петнаесет нови увезени случаи на ковид-19 се регистрирани во Кина, објави Националната здравствена комисија.Се наведува дека досега се регистрирани 2.788 увезени случаи.

Комисијата соопшти дека од новите случаи, девет биле пријавени во Сечуан, три во Гуангдонг и по еден во Тијанџин, Фуџијан и Шанкси. Како што наведува, не е забележан нов локален случај на ковид-19.