Во Италија 66 лекари починаа од коронавирус

297

Уште пет лекари починаа во Италија од коронавирус, соопшти денеска италијанската федерација на лекари.

Со ова бројот на починати лекари од почетокот на епидемијата се искачи на 66.

Си-ен-ен јави дека се заразени 8.956 здравствени работници во целата држава.

Според податоците објавени денес, повеќе од 500 италијански лекари се разболеле во последните неколку дена.