Во Италија нови 760 жртви од коронавирус

197

Во Италија во последните 24 часа починале 760 луѓе од коронавирус, со што вкупниот број на починати во оваа земја се зголеми на 13.915.

Според последните податоци, новозаразени се 4.668 лица.

Италија веќе еден месец е земја со најголем број жртви од коронавирус. Најтешка е ситуацијата во северниот дел од земјата, особено во Ломбардија. Гувернерот на Ломбардија, каде денеска починаа 367 луѓе, изјави дека е оптимистичен.

– Ова е уште еден позитивен ден. Намалувањето на бројот на заболени и починати ќе почне за неколку дена – истакна Атило Фонтана.