Во Италија зa eден ден починаа 756 луѓе, а над 5.000 се заразени

174

Во Италија, 756 луѓе починале од коронавирус за еден ден, а пријавени се 5.217 нови случаи.

Вкупно 10.770 луѓе починаа во Италија досега, а бројот на заболени достигна 97.000 лица.

Претходно денеска беше објавено дека во Ломбардија починале 416 лица, а регистрирани се уште 1592 нови случаи, што е намалување во последните два дена.

„Ова е индикација дека го достигнуваме врвот на епидемијата“, рече претседателот на Ломбардија, Атилио Фонтана.

Тој нагласи дека во последните три дена се бележат константни бројки.

– Нема повеќе онаков раст, каков што гледавме во последните недели. Епидемиолозите и статистичарите велат дека ова треба да претходи на намалување на бројот на заразени – додаде тој.