Во Италија за 24 часа починале 837 луѓе, а излекувани се 1.109

240

Во Италија во последните 24 часа од коронавирус починале 837 луѓе, а бројот на новозаразени е 4.053.

Италијанските епидемиолози сметаат дека се на врвот во борбата со вирусот, со оглед на тоа што сите броеви, освен бројот на смртни случаи, опаѓаат, додека бројот на излекуваните расте.

Во последните 24 часа од болниците биле отпуштени 1.109 пациенти.

Но, властите повикуваат на внимателност, затоа што ширењето на заразата би можело да продолжи доколку се укинат, односно доколку не се почитуваат пропишаните мерки.

Стапката на смртност во Италија е висока и изнесува 10,6 отсто, односно е највисока во светот. Кај лицата над 80 години со повеќе заболувања изнесува 28 отсто.

Најпогоден е регионот Ломбардија, во кој бројот на нови случаи опаѓа и во последните 24 часа се регистрирани 1.047 заразени, а починале 458.

Од почетокот на епидемијата во Италија се заразени 105.792 луѓе, а починаа 12.428. Излекувани се 15.729 пациенти.