Во Иран на секои седум минути од коронавирус умира по едно лице

86

Иран во последните 24 часа забележа 212 починати од коронавирус, а вкупниот број на починати е 17.617, јавува Си-ен-ен.

Покрај тоа, дополнителни 2.751 лице се заразени и вкупниот број сега е 314.786, рече Сима Садат Лари, портпарол на иранското Министерство за здравство. Тој додаде дека 1.560 луѓе се во болница.

Иран е најпогодената земја на Блискиот Исток, а според универзитетот „Џон Хопкинс“, на секои седум минути во Иран умира по едно лице.