Во изолација во Германија се 160 лица кои присуствувале на приватни собири

114

По неколку приватни собири што предизвикаа ново жариште на епидемијата на коронавирус во германскиот град Готинген, околу 160 луѓе ќе бидат во домашна изолација.

Властите соопштија дека 35 од нив се позитивни на ковид-19, а присуствувале на приватни настани што биле забранети поради пандемијата.

Од нив, едно лице е во тешка состојба.

Ќе бидат тестирани сите што биле во контакт со групите.