Во Бразил до крајот на неделата ќе има еден милион заразени

63

Во Бразил, според очекувањата, бројот на заболени од коронавирус ќе достигне еден милион. Оваа земја по САД бележи најголем број случаи.

Во последните 24 часа во Бразил е постигнат рекорд – регистрирани се дури 34.918 новозаболени, со што вкупниот број достигна над 920.000.

Во тој период починале 1.300 луѓе со што вкупниот број изнесува 45.241.

Како што наведуваат експертите, бројот на заболени и починати не покажува знаци на забавување на вирусот, поради што земјата се смета за нов епицентар на вирусот, во која состојбата се влошува од ден во ден.

Во оддалечените делови на Амазонија, каде што пристапот до интензивна нега и болничко лекување е отежнат и во кои живеат автохтони народи, најважна е превенцијата, поради што жителите на тие области се служат со традиционална билна медицина, пренесе „Ројтерс“.

На одделни жители во источните делови на земјата им е советувано да го земаат лекот против маларија – хидроксихлорокин, за да се држи под контрола вирусот, како и да пијат чај од билка џамбу, која во традиционалната медицина се користи како лек против забоболка.