Во арената кај што требаше да се одржи Евровизија ќе бидат сместени пациенти

62

Арената „Ротердам Ахој“ на својата интернет-страница објави дека е направен простор за 88 пациенти со можност капацитетот да се зголеми на 680 кревети.

Шеесет и петтиот натпревар на Песна за Евровизија требаше да се одржи во мај на таа локација, но беше откажан поради пандемијата.

Во арената „Ахој“ може да се сместат и пациенти што немаат коронавирус, но немаат каде да бидат хоспитализирани бидејќи болниците се преполните поради пандемијата. Таквата ситуација го натера градот Ротердам да назначи неколку локации каде што ќе се воспостават клиники.