Вонредна состојба во Израел поради коронавирусот

158

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека земјата е во вонредна состојба, поради наглото зголемување на заболените од коронавирус.

– Ние сме среде нов напад со корона. Епидемијата е многу силна, во целиот свет и во нашата земја – рече Нетанјаху на седницата на владата.

Тој предупреди дека ако не бидат преземени итни мерки, многу Израелци ќе умрат.

– Ние сме во вонредна ситуација. Ако не го запреме ширењето на вирусот, нема да имаме ниту здравје, ниту економија, многу израелски граѓани ќе го загубат животот – рече Нетанјаху.

Во последните 24 часа во Израел биле регистрирани 804 нови случаи, а четири лица починале. Израелската влада утре се очекува да разговара за нови рестриктивни мерки.