Вакцинацијата нема да ги отвори австралиските граници?

127

Можно е Австралија да не ги отвори целосно своите меѓународни граници годинава, дури и ако мнозинството од населението е вакцинирано против ковид-19, изјави австралиски здравствен службеник, иако земјата во моментов не ниту еден локален случај на коронавирус.

Австралиските власти ги разгледуваат и потенцијалните негативни ефекти од вакцината „Фајзер“ откако Норвешка пријави неколку смртни случаи на постари лица откако ја примиле вакцината.

– Дури и ако имаме голем дел од популацијата којашто е вакцинирана, не знаеме дали тоа ќе спречи пренесување на вирусот – рече официјалното лице.

Австралија, која успеа да се справува со коронакризата подобро од многу други држави преку насочени затворања, голема стапка на тестирање и барања на контактите, денеска објави дека нема локални случаи на коронавирус.

Државата Викторија, која е домаќин на Австралија опен, информираше за четири позитивни случаи кај странски патници, сите поврзани со тенис, од вкупно девет. Случаите ги поттикнаа властите да испратат три чартер летови на Австралија опен во карантин, принудувајќи повеќе од 70 играчи во 14-дневна изолација во хотелските соби.