Бразил останува жариште на ковид-19

43

Во Бразил се регистрирани 620 нови смртни случаи поврзани со коронавирус, како и 23.101 новозаразени, соопшти Министерството за здравство.

Вкупно во Бразил има 3.340.197 потврдени случаи на ковид-19, а 107.852 починале од вирусот.

Таа е најпогодената земја во светот по САД, како во однос на бројот на заразените, така и според бројот на починати. САД има 5,4 милиони случаи на заразени и 170.000 смртни случаи.