Борис Џонсон префрлен на интензивна нега, состојбата му се влошила

298

Британскиот премиер Борис Џонсон е преместен на интензивна нега откако неговата состојба се влошила, соопшти „Даунинг стрит“.

Тој синоќа беше сместен во болницата „Свети Томас“ во Лондон, десет дена откако му беше дијагностициран коронавирус.

Како што пренесува „Скај њуз“, Џонсон е во свесна состојба но преместен на интензивна нега како претпазливост доколку биде потребна вентилација.

– Во текот на ова попладне, состојбата на премиерот се влоши и, по совет на неговиот медицински тим, тој е пренесен во единицата за интензивна нега во болницата – изјавил неговиот портпарол.

Одлуката за да го преместат на интензивна нега била донесена вечерва околу 19 часот по локално време.