Берлускони излезе од болница

115

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони денеска излезе од болницата во Милано, каде беше примен пред две недели поради коронавирус.

83-годишниот Берлускони беше хоспитализиран на 4 септември со благи симптоми на пневмонија во двете белодробни крила, откако на Сардинија се зарази со коронавирус, пренесе „Ројтерс“.