Белгија воведе систем за следење гужви на плажите

102

Белгиските крајбрежни градови не сакаат да им забранат на туристите да доаѓаат, но сакаат да бидат претпазливи и да се сместат во помалку населени места или да доаѓаат подоцна, кога има помалку луѓе.

Десет окрузи на брегот ќе ги следат мобилните телефони на и околу плажите и ќе ги објават овие информации на веб-страница, со кодови од темно зелена до портокалова, што ќе покажува кога има малку или многу луѓе.

Покрај тоа, 130 сензори во градовите ќе укажуваат на места со многу луѓе што би можеле да се избегнат.

Веб-страницата исто така треба да објави колку луѓе се очекуваат во одморалиштата во наредните денови.

Популарниот град Кноке-Хеист постави и знаци на плажата од три квадратни метри за да им овозможи полесно на луѓето да ја почитуваат физичката дистанца.

Пливањето во морето во Белгија е забрането сè додека официјално не започне сезоната, кога службите за спасување стапуваат на должност.

Сезоната обично започнува во мај, но годинава поради пандемијата на коронавирус ќе започне утре и ќе трае до средината на септември.