Бајден: Конвенцијата на демократите ќе се одржи како виртуелен собир

45
Џо Бајден

Џо Бајден изјави дека националната конвенција на Демократската партија можеби ќе мора да биде одржана како виртуелен собир.

Поранешниот потпретседател на САД изјави дека националната конвенција на неговата Демократска партија, која е одложена за август поради епидемијата на коронавирусот, од истата причина најверојатно ќе мора да биде одржана како виртуелен собир.

За време на неговото гостување во телевизијата Еј-би-си, Бајден рекол дека можеби нема да биде можно да се донесат десетина илјади луѓе на едно место.

Бајден, кој убедливо води во внатрепартиската трка за кандидат на демокрарите на претседателските избори предвидени за ноемвир, исто така рекол дека планира на јавните места да носи маска, нагласувајќи дека тоа е во согласност со упатствата на американските власти, но и спротивно на она што го прави претседателот Трамп.

„Можеби не му се допаѓа како изгледа со маска“ рекол Бајден, коментирајќи го тоа што Трамп не сака да носи маска. „Но треба да се следи тоа што го кажува науката“ додал тој, нагласувајќи дека се препорачува носење на заштитна маска.