Антикорона демонстрациите ја замислија Германија

348

Антикорона демонстрациите пред парламентот во Берлин предизвикаа гнев во Германија, поттикнувајќи расправа за тоа дали ваквите демонстрации воопшто треба да бидат дозволени, а истовремено отворија и дебата за основните човекови права, пренесува „Дојче веле“.

Да се дозволат или забранат демонстрации е прашање кое предизвикува поделени мислењата, особено кога одобрените протести излегуваат од контрола или стануваат насилни. Слободата на собирање, заедно со слободата за избори и говор, се дел од основните столбови на демократијата.

Германија честопати отстапува од преголеми ограничувања на слободните собири заради нејзините релативно неодамнешни искуства од диктатурата. Авторите на повоениот демократски устав на Германија го посветија членот 8 од новиот закон токму на ова прашање. А според него, сите Германци имаат право да се собираат мирно без претходно известување или дозвола, додека во случај на собири на отворено ова право може да биде ограничено со закон.

Постојат ограничувања на симболите и облеката кои може да се носат на јавните протести, со што униформите се забранети, но империјалното германско воено знаме не е. Низа нацистички симболи од владата на Адолф Хитлер не се легални во модерна Германија. На демонстрантите не им е дозволено да носат облека или дел од облека што личи на нацистичката униформа и се дизајнирани да служат како „израз на колективен политички сет на убедувања“.

Но, десничарските групи во Германија честопати ги заобиколуваат ваквите правила користејќи контроверзни симболи од германската историја, кои водат потекло од пред нацистичкиот период, од империјалната ера, како што се црно, бело и црвено царско знаме, па дури и царското воено знаме со орел и крст, на пример. И двете се дозволени, додека свастиките од нацистичката ера не се.
Прописите за јавни собири наведуваат дека ограничувањата, или забраната како последно средство, се можни само ако постои докажан ризик за јавниот ред и безбедноста на демонстрантите со дозволување на протестот. На 1 август, демонстрантите во Берлин не успеаја да спроведат социјално дистанцирање и да носат маски за лице.

– Правото на живот и избегнувањето непотребни повреди го надминува основното право на јавни собири во овој закон – изјави Барбара Слоук, шефот на берлинската полиција.

Таа стравува дека новите демонстрации само ќе ја влошат ситуацијата, а исто така истакна дека демонстрантите ќе бидат инфилтрирани од членови на екстремно десничарските групи.

Судовите се залагаат за слободно изразување

Во теорија, демонстрациите можеа да се одржат без проблем на широките улици и пространи плоштади во Берлин, а истовремено да се запази социјалното дистанцирање со цел да се спречи ширење на коронавирусот. Бидејќи не дојде до тоа, полицијата ги разби протестите. Но, судовите секогаш ги дозволуваат ваквите собири. 

Последици од демонстрациите

Не се знае дали ќе бидат дозволени нови демонстрации во Берлин. Организаторите не беа во можност да ги натераат учесниците да се придржуваат до правилата што ги имаа договорено со градските власти, и покрај задолжените служби кои требаше да ги држат демонстрантите под контрола без потреба од полициска интервенција.

Обидот за упад во парламентот на неодамнешниот протест може да се смета за пречекорување на „црвената линија“, кога се во прашање слични одлуки во иднина. Според германскиот закон, протестите пред националниот долен дом на парламентот, Бундестагот – или горниот дом, Бундесратот – можат да се одржат само со недели кога политичарите не се на седница. Така беше викендов, што го објаснува слабото присуство на полицијата таму. Но, судовите и политичарите веројатно ќе сакаат да избегнат ваквите настани во иднина.