Австрија воведува казна за граѓаните што не носат маска

145

Австриската полиција ќе ги казнува сите лица кои не ги почитуваат владините мерки на Владата за борба против коронавирусот.

Граѓаните што не носат маска што ги покрива носот и устата на места каде што е задолжително, како што се продавници и јавен превоз, ќе треба да плати казна од 25 евра. За сите други прекршоци, предвидена е казна од 50 евра.

Досега полицијата само поднесуваше обвиненија против прекршителите на мерките, како што е непридржување доволно растојание од најмалку еден метар до други лица или собир на повеќе луѓе, а надлежните органи потоа ги испраќаа казните на домашна адреса.