Австралија поради коронавирусот не ја славеше 250-годишнината од пристигнувањето на капетанот Кук

79

Големата 250-годишнина од контроверзното пристигнување на капетанот Џејмс Кук во Австралија помина речиси незабележано поради пандемијата на коронавирус поради која беа откажани свечените прослави.

Капетанот Кук пристигнал во заливот Ботани, недалеку од Сиднеј, на 29 април 1770 година, следен од погледите на абориџините од брегот.

Премиерот Скот Морисон рече дека капетанот Кук бил исклучителна личност.

– Денот кога Кук и локалната домородна заедница за прв пат се сретнаа, пред 250 години, засекогаш ја промени историјата на нашата територија. Тоа е моментот кога тргнавме на заедничко патување кое е конкретизирано со начинот на кој живееме денес – истакна тој.

Поради пандемијата на коронавирус, австралиската влада мораше да ги откаже сите настани што беа планирани за одбележување на овој голем јубилеј.

На пример, планирано е крстарење околу Австралија со реплика на бродот на Кук „Ендевор“.

Првите контакти помеѓу британскиот морепловец и Абориџините означуваат почеток на колонизација на континентот за време на која Абориџините беа лишени од нивната земја.

За време на експедицијата, капетанот Кук ја прогласи Австралија за „ничија земја“ и потоа за британска територија, и покрај тоа што Абориџините живеат во таа област можеби 60.000 години.

За претседателот на Фондацијата Гујаг, Реј Ингри, 250-годишнината од пристигнувањето на капетанот Кук е важен настан за сите Австралијци, дури и ако домородниот аспект на приказната е одамна заборавен или искривен.

– Тоа беше првиот насилен чин што Британците го извршија против нашиот народ, но тоа е наше заедничко минато, ја делиме сегашноста е логично дека имаме и заедничка иднина – рече тој.