Финска од утре ќе започне со ублажување на ограничувањата воведени поради коронавирусот, а сите мерки ќе бидат укинати во рок од еден месец, изјави денеска премиерката Сана Марин.

Според веб-страницата на премиерот, граничните контроли за оние кои доаѓаат во Финска од шенген-зоната ќе бидат укинати од почетокот на февруари. Во моментов потребно е на граница да се покаже потврда за вакцинација, заедно со негативен резултат од тестот за корона.

Од утре во Финска ќе можете да влезете или со потврда за ковид или потврда за прележана болест или со потврда за негативен резултат од тестот не постар од 72 часа, пренесува „Интерфакс“.

Овој услов ќе важи за сите родени пред 2006 година.

Ќе се ублажат и мерките за ресторани и настани каде што ризикот од ширење на коронавирусот се смета за низок. Од почетокот на февруари рестораните наместо како досега до 18 часот, ќе можат да работат до 21 часот.

Послужувањето алкохол ќе мора да престане најдоцна до 20 часот, наместо до 17 часот, како досега. Баровите и маркетите ќе продолжат да затвораат во 18 часот.