фото: Игор Бансколиев

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.359 тестови, а регистрирани се 86 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 46, Битола – 23, Прилеп и Гостивар – по 4, Куманово, Кавадарци и Велес – по 2, Струмица, Кичево и Виница – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (86), регистрирани се 9 реинфекции.

Регистрирани сe 105 оздравени пациенти од: Скопје – 55, Битола – 21, Штип – 5, Кавадарци – 4, Охрид и Радовиш – по 3, Прилеп, Куманово, Струмица и Берово – по 2, Гостивар, Велес, Виница, Неготино, Делчево и Пехчево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирано е едно починато лице од Битола (80г), починато во болничку услови. Кај лицето се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјата се направени вкупно 2.003.269 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 308.964, бројот на оздравени пациенти е 298.916, на починати е 9.266, а бројот на активни случаи изнесува 782.