Според досегашните информации, детето немало никакви претходни заболувања

Единаесетгодишно момче починало утринава на загрепската инфективна клиника „Д-р Фран Михаљевиќ“ како последица на коронавирусот, пишуваат хрватските медиуми.

Според досегашните информации, детето немало никакви претходни заболувања, а вирусот е потврден. Точната причина за смртта дополнително ќе биде проверена со обдукција.

Информацијата за смртта на момчето ја потврдил проф. Д-р Горан Тешовиќ, раководител на Заводот за заразни болести на децата и додаде дека момчето, според сите достапни информации досега, немало претходно боледување.

-Станува збор за краткотрајно болно момче кое ја имаше вообичаената клиничка слика на Ковид-19 кај деца на таа возраст. Се работи за треска, главоболка, гихт и малаксаност, момчето ги имало сите тие симптоми-изјави Тешовиќ.

Тој изјави дека смртта настапила ненадејно, односно дека бил примен вчера попладне, а починал утрово.