Д-р Злате Мехмедовиќ

Дали ќе имаме повисоки бројки зависи од обемот на тестирање кој што се прави на дневно ниво. Доколку тој не е обемен нема да имаме толку високи бројки, вели д-р Злате Мехмедовиќ во изјава за Канал 5.

– Периодот кој следи претпоставувам дека ќе имаме исто ваква тешка епидемоиолошка состојба, во која овие бројки на новозаразени ќе бидат високи. Можно е да ги надминеме бројките од 2300 заразени, мислам дека се уште овој бран не е завршен. Омикронот е сериозна варијанта и кога зборувавме на почетокот дека иако има генерално полесни симптоми тоа не значи дека ако е многу висока бројката на новозаразени, дека во апсолутна бројка оние кои што ќе завршат во болница нема да бидат во голем број. Оние кои ќе завршат во болница и не се толку лесни случаи –  додава Мехмедовиќ.