Фото: Принт скрин

Според него, единствената мерка која би не заштитила да го поминеме ова полесно е вакцинацијата и тоа е наша обврска

„Луѓето не треба да се опуштаат и да мислат дека омикрон е лесна варијанта за прележување, затоа што ова охрабрување е клинички неиздржано“.

Ова денеска го изјави д-р Илир Демири од Инфективната Клиника и член на Комисијата за заразни болести, на заедничка прес-конференција со министерот за здравство Беким Сали.
– Добар дел од тие што лесно го прележуваат се вакцинирани. Тој вели дека неговото досегашно искуство покажува дека нема евидентирано ниеден починат од ковид без коморбидитети, а да е редовно вакциниран-посочи тој.
Според него, единствената мерка која би не заштитила да го поминеме ова полесно е вакцинацијата и тоа е наша обврска.
-Жално е пациент да живее во Скопје, а да не е вакциниран- посочи д-р Демири.

Доктор Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комиисјата, пак, рече дека укинување на вакциналните сертификати не доаѓа в предвид, особено не во зимскиот период.
-Популацијата која нема создадено имунитет најдобро ќе се заштити со вакцинација. Нема да има радикален чекор на укинување на сертификатите зашто со тоа и низок степен на вакцинација, ќе се оптовари здравствениот систем и таа мерка е контрапродуктивна и нема да се разгледува-вели д-р Мехмедовиќ.